Хијалуронската киселина е полисахарид со висока молекуларна тежина кој природно се наоѓа во човековото тело, воглавно во кожата, врзувачкото ткиво и во очите. Неговата главна функција е задржување на водата, така да ткивата можат да останат добро подмачкани и хидратирани. Токму поради тоа, честопати се користи за лекување на симптоми на суво око.
Исто така, има високоеластични својства кои ѝ помагаат да го стабилизира солзниот филм и да ги намали симптомите на суво око, особено ако се очите суви по будењето или кога гледате ТВ или во компјутер.
Хијалуронската киселина помага и во пролиферација на епителните клетки и при зарастувањето на епителот на окото.
OCUhyl C содржи оптимална концентрација на хијалуронска киселина, така да овозможува долготрајно чувство на удобност во очите, а не предизвикува „заматен вид“ и може да се примени во кој било дел од денот.
Невен е растение од семејството Asteraceae, кое потекнува од медитеранскиот регион на Европа. Растението се користи со векови, како локално и така и интерно, поради своите антибактериски, антифунгинлни и антиинфламаторни својства. Традиционално, невенот се користи за лекување на сува кожа и за заздравување на раните.
Невенот има висока содржина на флавониди – хемиски соединенија кои имаат aнтиинфламаторни својства, но содржи и про витамин A, кој ја штити површината на окото (рожницата), и докажано е ефикасен во лекувањето на синдромот суво око. 1
Eкстрактот на невен во OCUhylC има заштитен, антиинфламаторен и регенеративен ефект на епителот на окото.